ТЕРА

REKLAMA???

СРПСКОТО КРИЛО БОГДАН РАДИВОЈЕВИЌ ПОТПИША ЗА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Еурофарм Пелистер продолжи да се засилува за новата натпреварувачка сезона. Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак Богдан Радивојевиќ е нов играч на битолската екипа.

Десното крило официјално потпиша едногодишен договор, веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Искусниот 30-годишен Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе 13 години по ред игра во Лигата на шампионите, а има и една титула во ова натпреварување, освоена со германскиот Флензбург во 2014 година.

Последен клуб на Радивојевиќ беше ПИК Сегед од Унгарија, а претходно играше и за Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. Стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања.

Официјалното претставување на Радивојевиќ е предвидено на почетокот на месец септември.