ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ЈА ДЕКЛАСИРА ЦРНА ГОРА И ЗАЧЕКОРИ КОН ОСМИНАФИНАЛЕТО

Македонските одбојкари фуриозно со 3-0 во сетови (25-22, 25-18, 25:-20) ја декласираа репрезентацијата на Црна Гора во рамките на Европското првенство (ЕП) во одбојка и се чекор поблиску до осминафиналето и нокаут фазата.

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, избраниците на селекторот Јошко Миленковски изиграа перфектен натпревар, речиси без грешки и со страотен блок и напад.

Очекувано најефикасен беше капитенот Никола Ѓоргиев со 20 поени, по него следува Александар Љафтов со 13 поени и изненадувањето на вечерта блокерот Филип Савовски со 12 поени и девет блока.