ТЕРА

REKLAMA???

ВОЈВОДИНА ПОДОБРА ОД ПЕЛИСТЕРЦИ ВО МАЛОТО ФИНАЛЕ ВО САКАРИЈА

Македонскиот ракометен шампион,тимот на Еурофарм Пелистер, заврши на четвртото место на „Турнирот на пријателството“ во Сакарија. Во битката за третото место битолчани беа поразени од Војводина со 27-33. Ова беше натпревар кој се одигра речиси без одбрани, повеќе наликуваше на ревијален дуел. Еурофарм Пелистер го бркаше српското водство, а Војводина покажа дека неслучајно е српски првак и освои европско клупско натпреварување минатата сезона.

Најдобар стрелец кај Војводина беше Вукашин Воркапиќ со седум гола, пред Живан Пешиќ со шест реализации, а кај Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ даде осум гола, Цветан Кузманоски имаше пет, а Денис Васиљев заврши со четири гола, додека Нејц Цехте реализира трипати. Следниот предизвик за ракометарите на Јовиќ и Шундовски е Суперкупот на Македонија и дуелот прогив Вардар 1961 в среда во Струмица.