ТЕРА

REKLAMA???

ЛИНА ЃОРЧЕСКА ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ ВО КУРШУМЛИСКА БАЊА

Лина Ѓорческа е победничка на ИТФ турнирот што се одржа во Куршумлиска бања и се играше за награден фонд од 40.000 долари.

Најдобрата македонската тенисерка до првата титула сезонава, а вкупно 13. во кариерата стигна откако во финалето со 6:3 и 6:3 во меч што траеше 66 минути ја совлада Антонија Ружиќ од Хрватска.

За победата на фјучерсот Ѓорческа ќе освои 70 поени и има огромни шанси повторно да се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на светот.

Следната недела Ѓорческа ќе биде дел од ИТФ турнирот што се игра во Италија.