Македонија доби нов шампион, нов голем успех оствари битолчанецот Христијан Илиоски – Кико.
Тој имаше фантастична мото-крос сезона и на доминантен начин стигна до историски трофеј и титулата шампион.

Сезоната броеше осумнаесет трки, а Македонецот успеа да издвојува први места на сите.
Круна на одличната негова сезона стави изминатиот викенд, кога на патеката во Севлиево, Бугарија прв мина низ целта.

„Овај викент последната трка од BMU EUROPEAN CHAMPIONSHIP освоено прво место во Бугарија Севлиево. Им благодарам на сите што учествуваа и ме поддржаа во сезона 2023.
Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната,но секогаш со многу верба, среќа, радост и работа да се истрај.
Од срце благодарност на мојата фамилија, на моите спонзори и на моите фанови“ напиша Илиоски.

Илиоски е еден од најголемите шампиони во нашата држава. Тој на почетокот на октомври успеа да стигне до својот дванаесетти трофеј шампион на Македонија.













