ТЕРА

REKLAMA???

РАБОТНИЧКИ МУ ВРАЧИ ОТКАЗ НА ТРЕНЕРОТ МИЛАН ИЛИЕВСКИ

Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3-0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.

Клубот му се заблагодари на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера.

ФК Работнички информира дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

Работнички во следното 13. коло на домашен терен го пречекува Силекс.