Со цел подигнување на јавната свест кај населението за регионалните депонии , денеска Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ во соработка со Министерството за животна средина во Општина Новаци организираше средба соглчасно проектот „ Со подиггање на јавната свест за значењето на комуналните услуги. Покрај граѓаните, на средбата присуствуваа и градоначлниците на Могила и Новаци, како и претставници од комуналните претпријатија од Пелагонискиот регион. Регионалните депонии имаат значајна важност во управувањето со отпадот и зачувувањето на околината.

„Општина Новаци е веќе третата регионална средба која што ја организира Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ во соработка со Министерството за животна средина во сите 8 плански региони на тема „Подигнување на јавната свест за подобри комунални услуги“. Се одржуваат средби со локалните самоуправи, со граѓани и со претставници на јавните комунални претпријатија кои што ги даваат тие услуги. Денес сме во Новаци каде што ќе разговараме за начинот на управување со отпад и подобрување на комуналните услуги во тој дел“, изјави Пеце Милевски, претседател на АДКОМ.

Средствата за Регионалните депонии се обезбедени и она што останува сега е да граѓаните и одговорните чинители советите на општините и јавните комунални претпријатија ги прифатат предизвиците кои претстојат пред нас, рече раководителот на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина Ана Каранфилова Мазневска. Додаде дека државата ги обезбедува средствата преку заеми, меѓутоа реализацијата на овие проекти и идното управување со изградените системи ќе зависи повторно од јавните комунални претпријатија и општините. Се очекува тендерот за градба на овие депонии да биде објавен наредната година .

„Очекувањата за регионалната депонија се дека во текот на следната година ќе биде објавен и тендерот за градба. Ќе се избере изведувач и ќе почне да се гради. Според планот до крајот на 2026 и почетокот на 2027 година да биде завршена оваа активност, за да биде затворена локацијата која моментно се користи за отстранување на отпад во Новаци и таа ќе биде затворена паралелно со отворањето на новата регионална депонија-посочи Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина.

Какво е влијанието врз животната средини од нестандардните депонии?
„Имаме направено анализи за сите вакви нестандардни локации во државата и план за затворање, но, средства не се обезбедени за да можеме да ги затвориме сите 54 локации што моментно во државата се користат за отстранување на комунален смет“, рече Каранфилова-Мазневска.

Со изградбата на овие депонии ќе се регулира начинот на третирање на отпадот. Жителите на Новаци денеска имаа можност да слушнат кои се поридобивките од изградбата на овие депонии.
„Ова ќе биде регулиран начин на третирање на отпадот, а во наредна фаза ќе следи фазата на селекција на отпадот, се со цел што помала количина на отпад да депонираме на депонијата „Мегленци“, изјави градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
Здружението на даватели на услуги АДКОМ и министерството за животна средина планираат да одржат 8 вакви регионални настани.













