141,891 лица во Mакедонија се регистрирани со Дијабетес, а бројот на новооткриени случаи продолжува да расте. Дијабетесот е една од најраспространетите хронични незаразни болести во светот, а доколку не се открие и контролира навреме, може да предизвика сериозни оштетувања на срцето, бубрезите, видот и нервниот систем. На 14 ноември се одбележува светскиот ден на дијабетесот, со цел да се подигне свеста за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ова заболување.
Според Националиот регистер за дијабетес за 2025 година на Институтоит за јавно здравје, 141 илјиада и 891 лице се регистрирани со дијабетес во државава. 78.663 се жени, 63.228 се мажи. Лани имало 6.614 новодијагностицирани. Дијабетесот тип 2 е убедливо најзастапен: 134.918 пациенти, или 95,09% од регистрираните.
Според истиот извор, во Битола има 9.622 регистрирани, Прилеп 8.420, Ресен 1.618, Демир Хисар 788, Могила 455 и Новаци 354 лица со ова заболување.
Научна студија објавена во септември 2026 година, врз основа на податоци од електронскиот здравствен систем заклучно со јули 2024 година, идентификувала 121.750 дијагностицирани лица. Но, има критики дека не се секогаш лицата пријавени и регистрирани, па оттука, македонското здравство се соочува со заболени но недијагностицирани лица за дијабет.
Пристапот до соодветна терапија и контрола на болеста е исто така еден од предизвиците на македонскиот и битолскиот здравствен систем. Од Здружението на лица со дијабет реагираат за ненавремена набавка на сензори за континуирано мерење на гликемијата и покрај информациите од Министерството за здравство дека и за оваа и следнта година се обезбедени инсулински пумпи и сензори за сите приоритетни групи-заболените лица со дијабет тип 1 до 25 години, жени, деца, слепи лица и заболените со тешки компликации. Низ призмата на светските стандарди, Светска банка во 2020 година регистрирала неколку клучи точки џза современото следење односно контролирање на болеста. Иако денес тоа не се вистински показатели, посочуваат на потребата од системски пристап кон контролта на болеста што започнува со редовни специфични лабораториски тестирања, кои според статистикат ана Светска банка, не се реализирале.
Битолското здружение на пациенти со дијабет, Здравствениот дом и ЦЕнтарот за дијабет во клиничката болница во континуитет ги следат состојбите и навремено реагираат. Вчера на плоштадот Маголија Здравствениот дом правеше бесплатно мерење на гликемијата. Но, според експертите, иако тоа е позитивна превентивна и едукативна мерка, не е доволна за висок степен на контрола ниту замена за континуирана контрола на заболените.
Дијабетот е заболување со континуиран раст во овој век. Според СЗО во 2022 година во светот со дијабет живееле околу 830 милиони луѓе, што е многу повеќе отколку во 1990 година кога биле регистрирани 200 милиони. Според публикацијата „Тренд на здравствените идикатори 2013-2024“ на Институтот за здравје на Македонија, во 2013 година во државава имало 2.533 случаи, во 2024 година тој број пораснал на 7.096 случаи.
Дијабетот е опасно заболување најмногу заради тешките последици што ги имаат луѓето и претставува главен фактор за должината на живот на дијагностицираните.
Најпрвин. Постојат два најчести типа на заболувањето. Дијабетесот тип 1 се карактеризира со недоволно производство на инсулин и бара секојдневна инсулинска терапија. Дијабетесот тип 2, кој опфаќа повеќе од 95 проценти од сите случаи, е поврзан со нарушеното искористување на инсулинот од организмот. Прекумерната телесна тежина, недоволната физичка активност и генетските предиспозиции се меѓу факторите на ризик.
Зголемената жед, честото мокрење, заморот, заматениот вид и ненамерното губење на телесната тежина се дел од симптомите на болеста. Но, кај дијабетесот тип 2 тие често се благи и може да поминат години пред да бидат забележани.
Превенцијата, според СЗО, подразбира здрава исхрана, одржување нормална телесна тежина, најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно и избегнување пушење. Редовните контроли на нивото на шеќер во крвта и навременото лекување се клучни за спречување на компликациите.











