ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ СУПЕРЛИГАШИ ДОБИЈА ПРВОЛИГАШКИ РИВАЛИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше одржана ждрепката за елиминациското коло во ракометниот Куп на Македонија за оваа сезона. Познати се сите петнаесет двојки, а победниците и бранителот на трофејот Вардар 196 ќе се пласираат во групната фаза.

Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 добија прволигашки противници на домашен терен

Бисинов Фрут Ленд – Мулти Есенс
Металург РА – Скопје 2020
Голден Арт – Аеродром
Кичево 2020 – Вардар Неготино
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
Партизан – ГРК Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Шампион
МРК Куманово – Текстилец
Бутел Скопје – Македонија Ѓорче Петров
Борец – Пролет 62
Драчево – Алкалоид
Преспа – Радовиш
Прилеп – Јехона
Астраион – Струга
Младост 1977 – Охрид

Натпреварите треба да се одиграат на 9/10 декември.