Следен противник на Македонската ракометна репрезентација е Германија. Натпреварот ќе се игра утре во „Мерцедес Бенц Арената“ со почеток во 20:30 часот.
Во Берлин бројот на македонски навивачи се очекува да биде во поголем број од оној во Дизелдорф, кога Македонија играше против Франција.
Се бара билет повеќе и за утрешниот натпревар. Иако немаат, сепак денеска и фанови од Битола отпатуваа за Берлин, а таму ќе се снаоѓаат за билети.
Како што информираат медиумите домашните навивачи одамна ги купиле сите билети за нашата група А.
Ракометната репрезентација на Македонија во Берлин ќе ги одигра вториот и третиот натпревар од групната фаза на Европското првенство.












