ТЕРА

REKLAMA???

ВО ПРИЛЕП ЕТНО ИЗЛОЖБА „ПЕРНИЧИЊАТА НА МАМА“

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески присуствуваше на етно изложбата на домашни ракотворби во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Вели дека креативноста на неговите сограѓани, локални уметници и занаетчии секогаш ја поддржуваат како општина.

„Имавме чест да присуствуваме на прекрасната Етно изложба на домашни ракотворби во Центарот за култура Марко Цепенков, насловена како „Перничињата на мама”, во организација на активот на жени од Здружението на инвалидски пензионери, а под покровителство на „Комфи Ангел“.

Оваа изложба не само што го прикажува богатото културно наследство кое што е вткаено во нашата македонска историја и талентот на нашите луѓе, туку и ја поттикнува инклузијата и соработката во нашето општество“ вели Јовчески.