Детскиот музички фестивал „СИ-ДО“,оваа година ќе се одржи по 28 -ти пат традиционално во Центарот за култура. Во сите години, дефилираа над стотина деца годишно како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор.

Директорот на овој фестивал Дарко Шерденков истакна дека подготовките се во тек и ги покани љубителите на детската песна на фестивалот. Но, фестивалот има активности во текот на целата година, како и многубројни гостувања.

Пријавувањето на фестивалот е преку социјалните мрежи на Си До. Годинешното издание ќе се одржи на 9.април во Центарот за култура Битола.











