Карате клубот Заншин-ДО од Битола во месец март покажа одличен почеток на натреварувачката сезона, настапи на два големи меѓународни турнири. На 9 март се одржа ФУНАКОШИ ОПЕН, на кој имше 590 натпреварувачи од осум земји. КК Заншин ДО од Битола на овај турнир се закити со 21 медал и тоа 2 злата, 4 сребра и 15 бронзи. На овај голем турнир настапија и Вероника Кочов и Стефанија Кикевска кои повторно покажаа дека сите деца се еднакви и можат да го постигнат врвот во се она што сакаат , овие две девоќи се закитија со злато и силен аплаус од сите присутни во салата.
На 31 март се одржа ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА на кој учествуваа 1200 натпреварувачи од 13 земји (Азербејџан, Босна, Бугарија, Хрвацка, Египет, Грција, Унгарија, Косово, Црна Гора, Србија , Словенија и Македонија) на овај голем настап КК Заншин ДО од Битола се закити со 12 медала и тоа 4 сребра и 8 бронзи.












