ТЕРА

REKLAMA???

„ВЕЛИГДЕН Е, ЃУРЃОВДЕН Е“-ПАЛЕТА ОД ФОЛКЛОРНИ ПРИКАЗНИ НА ТАНЕЦ

Во Македонската Опера и Балет, се одржа Велигденскиот концерт на ансамблот Танец, насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“, во неговата јубилејната година кога ја чествува 75-годишнината од своето основање. На концертот настапи целиот ансамбл – хорот, орестарот, солистите и играорниот кор, а беше изведена раскошна програма, во која централниот дел беше посветен на доаѓањето на најубавиот период на годината – пролетта. Таа оваа година, во исто време, ни носи два големи празници – Ѓурѓовден и Велигден. Оваа вечер, публиката уживаше во многу вокални и вокално-инструментални точки.

На репертоарот на овој концерт беа: „Два орли се биле“ на женската вокална група на ансамблот, „Утре е света недела“ на машката вокална група, „Ѓурѓово лето, пролето“, видеоприказната „Да исчистиме гревовите, да испадиме духовите“. Беше поставена и „Мечкари“, фрагмент од кореографската постановка „Прилепски игри“, која е инспирирана од традицијата за верскиот празник Прочка.Кореографијата е на Стојче Каранфилов.


Публиката ја погледна и кореографската постановка „Мариовска тресеница“, една од постарите во репертоарот на „Танец“. Кореографијата е на Јонче Христовски.
На програмата е и „У ливаду“ (2023). Во оваа најнова кореографска постановка на „Танец“, која во оваа пригода ја доживеа својата премиера, преку обработка на изворни ора, песни и соодветни кореографски решенија, се прикажуваат сцени од една селска ливада. Кореографијата „У ливаду“ се темели на фолклорот од источниот дел на Славиште и Дурачка Река. Кореографијата е на Јовица Блажевски.

Кореографската постановка „Свадба“, претставува своевидна фолклорна драма, инспирирана од најважниот и најрадосен момент од животот на човекот – свадбата. Кореографијата е на Благоја Филиповски. Беа емитувани и тематски видеоинтермеца на етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Музејот на Македонија. Целиот концерт беше мултимедијално заокружен така што на публиката  и беше овозможено незаборавно аудио-визуелно уживање.