ТЕРА

REKLAMA???

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА НОВАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЗГРАДА ВО ФАЗА НА КАРАБИНА

И покрај повеќегодишните напори да се направи нешто повеќе за подобрување на стандарот и условите во кои што работат нашите херои, градоначалникот на Битола, Коњановски вели дека од скоро отпочнаа со работи на терен за изградба на новата зграда на противпожарната единица на Битола. До крајот на годината се очекува објектот да биде во фаза на карабина.

„Ќе добиеме нов објект на 1600 м2, во вредност од над 52 милиони денари. Како што кажав активностите на терен се започнати и до крајот на годината објектот треба да биде во фаза на карабина завршен, кога ќе почне и втората фаза за внатрешно уредување“ рече градоначалникот Тони Коњановски.

Вели, заслужуваат оваа стара зграда да им биде заменета со нова. И додава дека заедно со општините Могила и Новаци прават се во делот на опремувањето.

„Со нова опрема, нови одела, нови стандарди, имаме доволно возила во овој момент и правиме се што е во нашите можности да создадеме услови за нивно работење“ вели тој.

Пред десетина дена соопштија дека целосно е отстранет стариот руиниран објект на некогашниот  магацин на просторот на поранешната касарна. Со ова, тогаш рекоа, создадени се потребните услови за започнување на комплетно новата градба со површина од 1600 м² .

„Со нетрпение чекаме и го очекуваме објектот. После толку години, после мои 34 години работно искуство го очекувам тој момент, се надевам дека ќе успеам да влезам во тој објект. Ќе ни биде од исклучителна важност објектот во смислам на тоа дека ќе имаме простор и за вежбање. Доста е добра и локацијата таму. Баш буквално градот ни е на располагање на сите три страни да тргниме на исток, на запад или кон центарот на градот, одлична е локацијата таму“ вели Горан Димкоски, командир на противпожарната единица.

Ланската година на 19 мај Коњановски рече рече дека во 2023 ќе започнат со изградба на објектот.

„Јас се надевам дека во текот на годината ќе започнеме со изградба. Велам специфични се условите, ние аплициравме на повеќе страни за можност за кофинансирање, за помош при финансирањето, така што се надевам дека на задоволство на сите ќе имаме уште еден објект“ вели Коњановски.

На 30 април оваа година општината соопшти дека капиталниот проект за изградба на нов противпожарен дом, кој го најави градоначалникот како еден од најголемите приоритети на оваа локална самоуправа, започна да се реализира.