ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ И БЛОКАДА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТОТ БИТОЛА-МАКОВО

Протест и блокада на регионалниот пат Битола-Маково каде деновиве имаше сообраќајна несрека. Се случи на 17 мај во 12.16 часот, кога била пријавена во битолската полиција, дека во с.Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 50 годишно лице од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од 71 годишен жител од с.Новаци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.

Подоцна повредениот тракторист почина. Не само оваа и други незгоди, како што рекоа беа причина за денеска од 14 часот да им блокада за тешки товарни возила на патот од Битола кон Маково кој води низ Новаци, а по кој се движат и камиони кои превезуваат јаглен за РЕК Битола.

„Ние жителите од Оштина Новаци секојдневно сме изложени, односно не сме заштитени поради тоа што камионите кои што се движат кон РЕК Битола и носат јаглен, не сообраќаат со нормална брзина, не се движат прописно и затоа нашите животи се загрозени и животите на нашите помали браќа и сестри и нашите баби и дедовци, како што тој дедо почина пред неколку дена“ рече Даниел Петровски, жител на Општина Новаци.

Тие апелираа до надлежните за алтернативен пат околу селото, дотолку повеќе што ќе се гради и регионална депонија каде од повеќе општини ќе се носи отпадот и додека да се изгради депонијата да се постави соодветна светлечка хоризонтална и вертикална сигнализација и ротирачки камери на кои ќе се следи со која брзина се движат камионите.

Ги соопштија и другите нивни барања.