Викендов почнува 25-от јубилеен Интернационален фестивал на монодрамата. Оваа година фестивалот се одржува под мотото „СЛОБОДАТА ЖИВЕЕ ТУКА“ на сцените на Центарот за култура и на Народниот театар.
Фестивалот се отвора со шоуто „Глумците пеат“, за прв пат во Битола и ова е прв град во кој настапуваат, освен во Скопје. 40 извонредни и талентирани актери, со БИГ БЕНД оркестар на сцената, во живо ќе ги пеат најголемите евровизиски хитови.
За големиот настан, денеска во Актуел на Тера со Маја Андоновска-Илијевски-директорка на Центарот за култура.











