ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА УШТЕ ЕДНО УСПЕШНО ИЗДАНИЕ НА ПИЈАНО ФЕСТ БИТОЛА

Со свечен концерт со лауреатите од минатогодишниот Пијанофест, се отвори годинешното 6.издание на меѓународниот натпревар “ПИЈАНОФЕСТ 2024”.  Концертот се одржа во цвечената сала на КИЦ.Офицерскиот дом во Битола и на истиот музичката магија ја пренесоа: Јана Блажевска Соло Пеење ( Македонија) и Јурген Алиа Пијано ( Албанија). Пијанофест е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, а се реализираше под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Oпштина Битола. Овој натпревар е во соработка со Културно Информативниот центар – Битола.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, др.Тони Коњановски. Јана Блажевска е извонреден млад талент, учесник и лауреат на бројни државни и меѓународни натпревари. Таа веќе седум години е посветена на класичната музика и оперското пеење, и е во класата на проф. м-р Маја Митровска во Државно музичко училиште – Битола.

Јурген Алија е роден 2005 година во Тирана, Албанија. Започнал да свири пијано на 6-годишна возраст во Музичкото училиште во Тирана. Јурген учествувал и освоил многу награди на домашни и меѓународни натпревари. Во 2023 година ги започнал студиите на конзерваториумот “Џузепе Тартини” во Трст.

Здружението ПИЈАНО ја промовира класичната музика и вредностите кои таа ги носи сама по себе. Формирано во 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика.

Приказната ПИЈАНОФЕСТ започнува во 2019та година, со идејата за културно раздвижување, а резултира со успешен настан и учесници не само од нашата земја, туку и од Србија, Италија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Малта и други земји. Од година во година интересот за натпреварот е се поголем, и големото “Пијанофест семејство” се повеќе расте.

Оваа година околу 150 учесници се натпреваруваа во дисциплините пијано соло, соло пеење, и за прв пат и во дисциплината камерна музика. Меѓународна жири комисија оваа година беше составена од: за дисциплината пијано: Бојана Родиќ (Србија), Елена Ѓоргиева (Македонија) и Милица Лоренс ( Малта ). Во дисциплината соло пеење: Македонка Митреска (Македонија), Иванка Нинова ( Бугарија ), Маја Митровска (Македонија). И во дисциплината камерна музика : Милица Лоренс ( Малта ), Вангел Мажевски ( Македонија ), Иванка Нинова ( Бугарија ).

Лауреати оваа година се: категорија пијано: Златица Лазарова, категорија соло пеење Елеонора Џоџоска. Беа доделени и награди за најдобри наставници и тоа на:Паола Кондакчи од Албанија и Душан Сутон од Србија.