Третиот по ред натпревар, од меѓународен карактер, за боди-билдери „Паљо Класик“ се одржа овој викенд. На натпреварот, кој беше отворен за мажи и жени, наградниот фонд беше најголем досега, со вкупно 7.000 евра.
На годинашниот натпревар се натпреваруваа вкупно 22 натпреварувачи во категориите јуниори, лесна категорија, средна, полутешка и тешка категорија, како и во класик физик, мен физик и бодибилдинг класик. Учесниците на натпреварот беа од Македонија, Црна Гора и Косово.

Апсолутниот победник, на овој трет по ред натпревар, беше бодибилдерот Гранит Кулета од Косово, кој освои парична награда и суплементи во вкупна вредност од 1.900 евра. Во категоријата велнес за жени, се истакна Мери Акиевска, која веќе двапати беше светски првак.




















