Битолската навивачка група „Чкембари“ се мобилизира за историскиот настан во Битола, првото вечерно дерби меѓу Пелистер и Вардар на градскиот стадион „Петар Милошевски“, кој ќе се игра под рефлектори.
Собирот на навивачите в недела им е закажан во 16 часот како што велат на бутки, а кодексот кој мора да се запази е сите во шал и во црно. За навивачката група „Чкембари“ се одредени секторите 8 и 9 кои ќе бидат со бесплатен влез, информираат тие.
„Да го направиме најбруталното издание до сега, а за тоа се потребни сите генерации на навивачи сплотени да бидат присутни на делот наменет за „Чкембари“. Младите нека ја пренесат енергијата, постарите искуството“ стои во нивната објава.
Велат за да ја претставиш групата во најдобро светло:
„Навивај 90 мин, слушај ги инструкциите на организаторите, мобилизирај ги другарите, носи шал и црно“.



















