ТЕРА

REKLAMA???

ПОЕФТИНУВААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ).

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 % во однос на одлуката од 25.11.2024 година.

Од 3.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95           76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98           78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)           71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)          69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,258 (денари/килограм)     45,258(денари/килограм)