ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ КАРАТИСТИ СО ОДЛИЧЕН УСПЕХ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО

На државното првенставо за кадети/јуниори и У21 кое се одржа на 30.11.2024 год (сабота) во спортската сала„Архиепископ Доситеј”во Скопје , К.К. „Заншин до“-Битола се врати со 2 пехари, 2 сребра и 1 бронза.  

Ова се историски моменти за К.К. „Заншин до“  бидеќи на последните две државни првенства  Битола освојува медали во ката тим и ката поединечно кои во историјата на КФМ никогаш не биле достигнати од битолчани. Со сребрен медал во ката тим мажи кадети/јуниори се закитија Александар Божиновски,Михаил Марковски и Давид Стојчевски и во ката тим жени  кадети/јуниори се закитија Елена Јончевска. Емилија Илковска и Леона Алиловска со бронзен медал. Во ката жени кадети/јуниори поединечно се закити Леона Алиловска .

Со ова К.К. „Заншин до „-Битола се обезбеди пласман за Балканското првенство. 

Оваа година за прв пат во историјата на каратето од Битола  имаме 6  стипендисти средношколци  на кои им е доделена стипендија од Министерство за образование како резултат на постигнатите успеси на меѓународни и државни натпревари според календарот на  КФМ и WKF и постигнатиот одличен успех во претходните учебни години.

 Стипендисти средношколци од  К. К. „ Заншин до”-Битола се: Александар Божиновски, Михаил Марковски, Давид Стојчевски, Леона Алиловска, Емилија Илковска  и Елена Јончевска, стои во соопштението од Стевка Јанковска Петковска, тренер и селектор на КФМ за кати во У12 и У14.