За в четврток е планирана вонредна седницата на Советот на Општина Битола на која ќе се најде професионалното лизгалиште кое се поставува на „Магнолија“.

Пред советниците ќе се најде и предлогот за дополнување на статутот на јавното претпријатие „Паркинзи“ во делот на дејноста бидејќи претпријатието го изнајмува ова лизгалиште и претпријатието ќе ја има одговорноста и органзиацијата за оваа нова содржина во рамките на програмата на Општината за новогодишпната прослава, односно „Зимската приказна“.

Пред советниците ќе се најде и предлог одлуката на претпријатието за цените по кои граѓаните ќе можат да ја користата услугата, односно да уживаат за време на празниците.

Предлогот е 100 денари за еден час, а 50 денари за еден час за органзирани групи од основните и средните училушта. Во овие цени влегува и користењето на лизгалки, а ги има некаде над 120 пара.

Инаку како што велат познавачите на приликите, колку за споредба цените во главниот град се движеле и до 400 денари.












