ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола е решението за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Паркинзи“ во делот на дејноста за лизгалиштето, како и решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на услугата за користење на лизаглиште.

Пред советниците и двете решенија за давање на согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈКП „Водовод“ Битола  за подигнување на банкарска гаранција обезбедена со солемнизација со извршни клаузули за потребите на ЈКП „Водовод“ Битола и на Одлуката на Управниот одбор на КЈП „Нискоградба“ Битола за подигнување на банкарски гаранции обезбедени со солемнизации со извршни клаузули за потребите на КЈП „Нискоградба“ Битола.