Само 7 минути по полноќ, во Болница „Плодност“ спонтано се роди првото бебе во 2025 година, соопштија од болницата „Плодност“.
Од таму велат дека машкото новороденче е со родилна тежина од 3540 грама и 50 сантиметри должина.
Упатија честитки до среќните родители, а според првото породување, велат дека очекуваат бериќетна и силна 2025 година.
Фото: Болница „Плодност“











