Соединување на човекот со Христос е чинот на положување на светиот Крст во водите и негово пребарување, а по осветувањето од епископите, водите стануваат лековити.
За 2025 година останува забележано дека на Иван Миовски Бог му помогна да го пронајде крстот фрлен во базенот на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Битола, кадешто со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Петар. Тој е ученик во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола. Ова е негово второ скокање по светиот крст. Првиот пат бил дел од учесниците кои го барале Светиот крст во водите во црквата „Св. Пантелејмон“ во Битола.

Денеска Миовски се соедини со светиот крст, а учествуваа дваесеттина момчиња на возраст од 15 години нагоре.



Од Црквата доби копија на Светото Писмо, светиот крст ќе биде во него се до следната година.



Богојавление -Водици денеска се одбележа во сите цркви и манастири во Преспанско-Пелагониската Епархија, а во храмот Св. Димитриј чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-Пелагониски господин Петар.
Митрополитот Петар пред верниците зборуваше за триумфалните појавувања на Господ Бог на луѓето.
„Еве сега имаме конкретно, директно јавување на троичниот Бог. Светиот Дух во вид на гулаб слегува и го миропомазува синот божји кој се крштева на реката Јордан од Јована. А Отецот небесен од зад облакот со силен глас вели – Овој е мојот возљубен син и кој е по мојата волја. Такво јавување, отворено, јасно, присутно на сите присутни кои биле таму, Бог да се јави во трите лица, Отец и Син и Дух Свети не постоело и не било познато и ниту ќе биде познато, браќа и сестри. Затоа што нашата света правиславна вера не е вера на човек што ја измислил грешен па кој и да е тој, не е ниту вера што ја соопштиле Анеглите, туку е вера што ни ја открил самиот Бог, троичниот Отецот и Синот и Светиот Дух и, токму на овој голем празник кој го носи името Богојавление или јавување на Бога на светата тројца.“

Инаку во верскиот календар на МПЦ за Богојавление пишува дека на Богојавление именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…
Во предхристијанството ова е празник на словенскиот многубожен бог давател Дајбог(словенски бог на Сонцето, подземниот свет и дождот кој дава живот) кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот, точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Дајбог им ги исполнувал желбите.
Верниците меѓусебе се поздравуваат со радосниот поздрав „Бог се јави! Навистина се јави!“











