ТЕРА

REKLAMA???

СО „КАЛИНКА“ СИ ЈА ПРОБАВМЕ СРЕЌАТА

Среќата под прстите со инстант лозот „Калинка“, вака се вели за новит лоз на Државна лотарија. Вашиот репортер со своите прсти почна да греби и да си ја проба среќата.

Првата грепка која чини само 70 денари, му донесе 70 денари, ја замени за друга „“Калинка“ и таа му донесе 70 денари оти изгреба три полиња со иста сума. Не ги зеде парите за да биде на нула, тука добитната ја замени за нова и тука заврши. Немаше добивка, но иако веруваше дека нема среќа, сепак двапати го погоди Калинката.

Гребевме во продажното место „Димпо“ на Широк сокак, место каде паднале многу добивки.

А, битолчани ги знаат сите инстант лозови на Државна лотарија.

Се враќаме кај „Калинката“. Откривањето на добивките е лесно и забавно – треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700 000 денари, и три исти износи за други парични добивки.