ТЕРА

REKLAMA???

НАУЧЕН СОБИР ЗА ЗАШТИТА НА МОЛИКОВАТА ШУМА НА ПЕЛИСТЕР

Врвни македонски, балкански и генетичари од земјите членки на ЕУ деновиве во фокусот на своите практични потоа и теоретски сознанија ја имаат пелистерската молика – латински Pinus Peuce или светски познатиот Македонски бор, но и сите други видови кои треба да се заштитат.

„Како што најавивме и во изминатиот период значи за нас како јавна установа Национален парк „Пелистер“ во периодот кој следи врвен приоритет ќе биде изнаоѓање на решенија во делот на решавање на проблемот со старата моликова шума. Она што е важно за нас и за македонската јавноста, во делот на заштита на македонскиот бор како значаен бренд за Битола, за националниот парк и за Македонија, е тоа што сепак од оваа научна средба, од овој научен собир и советување, на крајот е целта да видиме кои се пракси и практики ги имаат, ги применуваат таму, во нашите соседни земји, од таму од каде што доаѓаат научниците и да видиме што од сето тоа е применливо тука. Всушност најавивме дека ќе се изработува студија за одгледување на моликата и сакаме таа студија да биде префинет сублимат од цело она знаење кое што на тема молика го имаат домашните екстерти, сето тоа надополнето со експертите од странство“ вели Иванчо Тошевски, директор на НП „Пелистер“.

Ако дефорестацијата за стопанските потреби на човештото има некаква контрола проблемот на шумските екосиситеми во европските земи е непредвидливоста на климатските промени. Оттука работата на генетичарите во последната деценија е насочена кон генетска заштита на шумите, проверка кој вид може да издржи екстремни промени на климата; предвидување на црни сценарија и антиципирање на активности кои би донеле превенција. Белата елка од Пелистер е интересна за Австријците затоа што е слична на нивната норвешка смрека што одумира.

„Во Австрија веќе се забележуваат последиците од климатските промени. Некои од економски најважните видови, како норвешката смрека, се под сериозен ризик. Замената на шумите е долг процес – потребни се децении за адаптација и затоа мораме да се подготвиме уште сега за она што не чека во идните 50 години. Шумите имаат огромна економска, социјална и туристичка вредност. Не станува збор само за пилани и индустрија. Шумите се клучни за туризмот. Во Австрија, сѐ повеќе посетители забележуваат мртви дрвја и интервенции во шумите токму во лето – најактивната туристичка сезона“ вели Бертолд Хајце од Австрискиот центар за шумски истражувања.

Проф. Д-р. Саша Богдан од Хрватска вели дека во Хрватска се повеќе има површини под шума, и дека законодавството е усогласено со регулативите на ЕУ. Површината под шуми е зголемена, помалку се сече и помалку се искористува, има намален индустриски притисок. Но, нема замена за дрвото како ресурс, а токму одржливото управување доведува до зачувување на шумските ресурси и нивно проширување.

„Всушност поголем е проблемот како да се решат екстремните климатски настани. Но, кога се случуваат големи олуи, големи невреме, големи суши, тие се нагли и во краток временски интервал. На дрвајата, а и на луѓето им е тешко да се прилагодат. Нивните климатски сценарија се тестирани за следните 100 години. Климатските сценарија ги направивме, а самите генетски тестирања се предизвик на целиот регион и за тоа секако ќе се зборува на овој собир, разменуваме искуство, но ќе размениме и растителен материјал, примероци за да може да се направат тестирањата која врста и провиниенција може најдобро да расте под одредени услови“ вели Саша Орловиќ од Институтот за шумарство во Универзитетот во Нови САД.

„За превенција од шумски пожари, неопходно е активно управување со шумите. Тоа вклучува расчистување на несоодветна вегетација, подготовка на шумите за евентуални пожари, како и брза реакција од страна на надлежните институции во критични моменти. Во Грција се соочуваме со слични предизвици. Имаме популација на Македонски бор (Pinus peuce), за која сме загрижени дали ќе преживее под вакви услови. Ситуацијата е сложена – на пример, ако има лесен снег кој се задржува на дрвјата, а тие не се адаптирани на такви услови, можат да бидат оштетени. Работиме на генетиката на оваа популација, со цел да ја истражиме нејзината генетска разновидност, која може да игра клучна улога во нејзиниот опстанок“ вели Филипос Арванопулос од Универзитетот Аристотел од Грција.

„Генерално секаде се исти проблемите, значи има и разлики, меѓутоа климатските промени не познаваат граници, тие едноставно се случуваат секаде и за да може да се направи нешто макар и минимално мора да се работи превентивно, а за тоа треба многу стручно знаење, размена на искуства. Она што се многу понапред многу земји, да речеме колегите од Словенија, Хрватска, Австрија особено во генетиката. Покрај тоа што тие немаат природни шуми пример од молика, меѓутоа имаат добри лаборатории, имаа добри искуства во генетичките истражувања и секако тука потребна е и наша соработка со нив за и ние малку повеќе научиме за генетските ресурси како тие понатаму да се одржуваат, да не страдаат од климатски промени, оштетувања и ткн.“ вели Николчо Велковски од Шумарскиот факултет при УКИМ.

 

Сите држави имаат свои национални планови за заштита на животната средина во која се вклучени и акциони планови за зачувување на шумите, но , потребно е експертизата, искуствата, позитивните практики зеднички да се вклучат во истражувањата кои ќе посочат што треба генерацијата на денешницата да направи за своите наследници. Пожарите се уште еден од проблемите за кои мора да се биде подготвен кога се менаџира со шуми.

„Во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, работиме на предлог-проект во кој Националниот парк Пелистер ќе биде клучен партнер. Се радуваме на оваа соработка. Главните цели на проектот се земање примероци од популацијата на Македонски бор, спроведување генетска анализа; прибирање теренски податоци (возрастна структура на шумите, број на млади и стари дрвја); споредување на добиените податоци со други земји (Грција, Македонија и Србија); Развивање на стратегии за превенција и адаптација на шумите на климатските промени“ вели Арбанопулос.

Овој собир се реализира блчагодарение на добрата соработка на шумарскиот факултет и НП Пелистер. Организаторрите сметаат дека со овој пристап, со вклучување на научната заедница и размена на искуства, се поставуваме темелот за одржливо управување со шумите и природата, согласно со европските и меѓународни стандарди.