ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ ЈА НАПАДНАЛ ДРЖАВНАТА ИРАНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека е извршен напад врз Информативната мрежа на Иран, управувана од државниот радиодифузер ИРИБ.

Кац додаде дека нападот уследил откако било евакуирано локалното население.

Тој претходно иранската државна телевизија ја нарече „мегафон на пропаганда и поттикнување“ и оти е „на работ на исчезнување“.

По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иранската државна телевизија соопшти дека три лица се убиени во израелски воздушен напад врз нејзината зграда вчера.