Израелското државно радио денеска опиша „дожд од ракети“ од Иран насочени кон земјата. Израелската војска соопшти дека системите за воздушна одбрана биле активирани како одговор и првично им наложиле на населението да остане во засолништа до понатамошно известување.
Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.
„Знам дека Иран всушност веќе е на преговарачката маса и сака да постигне договор“, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите за време на самитот на Г7 во Канада.
Американски медиуми известуваат дека Трамп бил доста нејасен во врска со своите изјави, како и во врска со темата за ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.












