ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ НАПРАВИ УВИД ВО ПРОЕКТИТЕ ВО БИТОЛА

Десетина активни градилишта беа ставени под лупата на премиерот Христијан Мицковски, сите проекти на локалната самоуправа, дел од нив со пари од Унгарскиот кредит.  Најавената маршрута – простор пред некогашното кино „Партизан“, најновото градилиште до фудбалското игралиште – поставените темели на објектот што меѓу содржините ќе ги има и боксерските сали, градилиштето на новата градинка во комплексот АРМ, влезот во Битола од северо-источната страна.

Средбата со новинарите започна со промоција на реконструктивниот зафат на поранешното кино „Партизан“.  Министерството за култура ги заврши сите административни обврски и официјално започна санацијата и адаптацијата на просторот што буди носталгија кај една генерација битолчани. За реконструкцијата на киното Партизан се обезбедени 96 милиони денари кои се обезбедуваат преку тригодишна јавна набавка чија реализација зависи од динамиката на градежните активности. Проектот е довршување на работа што одамна требаше да биде завршена.

Од првиот владин повик Општина Битола учествуваше со 16 проекти – 13 од нив инфраструктурни, два се во делот на спортот. Така, направија увид градените работи на спортско рекреативниот центар позната како боксерска сала  на самиот влез во кригот на стадионот Петар Милошевски. Се работи на јужната трибина на стадионот,.

Премиерот придружуван од градоначалникот Тони Коњановски, пратениците Пеце Милевски, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, советници од ВМРО- ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија направија увид и во детската градинка во АРМ.

Проектот инфраструктура за топлификација на градот е во завршна фаза – се работи на последниот приклучок од 35 јавни институции кои први ќе ги користат услугите на топлификација. Градоначалникот потсети и на проектот за пречиститителна станица, пред 3 години кога беше проектиран вреднуван на 43 милиони евра. Администрацијата е завршена, јавниот повик исто така, треба да се започне со работа.

Посетата на премиерот со владиа и делегација од Опптина Битола продолжи кон влезот во градот од северо-источниот дел на градот.