Пред една година во ова време започнаа градежните активности кои, беше најавено, ќе ја сврстат Битола во општините во кои уште од сообраќајниот влез ќе се знае дека е град. Увидот покажа разочарувања.
Според проектот, градската магистрална улица треба да биде со попречен профил составен од два коловози секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 м, разделно зеленило меѓу нив со широчина од 2.5 метри како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.5 метри. Работите се одвиваат во континуитет вели градоначалникот Коњановски.
Влезот во Битола е дел од поголемите проекти за патна инфраструктура што се реализираат во моментов во државата – 4 автопатишта коишто се градат во вкупна должина од 150 километри, Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола и еден експресен пат Прилеп-Градско, делницата Фариш-Дреново. Надминати се физичките препреки на експресниот пат Градско-Прилеп, односно делот Дреново-Фариш, а тоа подразбира дека работите на трасата од Прилеп кон Битола многу брзо ќе се забрзаат.
Мицкоски потсети и дека во општините со проектите од првиот и од вториот повик, ќе имаме нови 1200 градилишта. Тој ја направи и споредбата со , како што рече „летаргијата којашто изминативе години функционираше по принципот крадење наместо градење. „Мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока.”- порача денеска Мицкоски од Битола.












