Третиот по ред тениски турнир на УКЛО –„ УКЛО ТЕНИС ОПЕН“ заврши и познати се победниците. Турнирот имаше две категории – студенти и професори со администрација од универзитетот.
Од Универзитетот денеска информираат дека по завршувањето на натпреварите, генералниот пласман во категоријата студенти е Пејчиновски Игор од Економскиот факултет – Прилеп, како најдобар со најголем број бодови и победи на противниците. На второто место Георгиевски Божидар од Правниот факултет – Кичево и на трето место Ристова Душица од Педагошки отфакултет – Битола, затоа што во текот на турнирот натпревари беа одиграни и меѓу мажи и жени.
Во категорија наставно – административен кадар најдобар е професорот Младен Караџовски професор на Правниот факултет – Кичево, по него се Ице Илијевски професор на Правниот факултет – Кичево и на трето место Стојковски Викторија професорка на Факултетот за биотехнички науки – Битола.
Спортот ги поврзува младите, ги раздвижува и возрасните- без разлика дали се дел од различните натпервари или пак рекреативно се упразнува и колективниот и индивидуалниот. УКЛО вложува големи напори и нижи успешни приказни.
„Иако трета по ред, оваа спортска манифестација ги има сите предиспозиции да стане настан по кој УКЛО ќе биде препознат во национални, но и меѓународни спортски универзитетски асоцијации“ -велат од УКЛО.
Намерата на менаџментот е овој турнир да стане меѓународен студентско-универзитетски.
Победниците на „УКЛО ТЕНИС ОПЕН“ задно со студентите носители на медали освоени на Државното универзитетско првенство во пинг-понг ќе го добијат своето признание на приемот што утре ректорот проф. Д-р Игор Неделковски ќе го организира во нивна чест.












