На 2 јули во Хераклеа јубилеен концерт на една од најистакнатите македонски групи – „ГРОМ”, која веќе 45 години ја одбележува музичката сцена.
Песните и настапите на „ГРОМ” ги одгледаа генерации Битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на љубителите на музиката.
Организаторот најавува незаборавен настан што ќе ве потсети на убавите времиња и ќе ве исполни со емоции.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица
Настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025. Медиумски покровител Тера телевизија.
Влезници по цена од 300 денари можете да купите на „Mktickets“, Камарите, Литература и „Tobaco Brothers“ на Широк сокак.














