Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда, 4.5 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.











