ТЕРА

REKLAMA???

„ВОДОВОД“ ПОВТОРНО АПЕЛИРА ЗА РАЗУМНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

ЈКП „Водовод“ Битола денеска преку соопштение повторно апелира до граѓаните за рационално користење на водата за пиење.

Велат дека екипите на ЈКП „Водовод“ –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.

Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа.

ЈКП Водовод Битола апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби.

„Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви  приклучокци, ќе сносат одговорност и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава“ велат од „Водовод“.

Исто така ги информираат граѓаните кои живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки.