Денес и во текот на утрешниот ден две екипи на ЈКП „Водовод“ Битола работат на крајната фаза од проектот Битола-Логоварди-Поешево.

Како што велат од јавното претпријатие со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6 км полиетилен со нови приклучоци и дека овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници.

Од „Водовод“ се надеваат за разбирање и трпение за време на изведувањето на работните активности.














