Српската жандармерија синоќа употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград, јави агенцијата МИА.
Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржува на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов Белград и од центарот на српскиот главен град да се групираат во центарот на градот.
Низ местата каде се протестираше во Белград беа распоредени и оклопни возила на полицијата.
На улици во делови од центарот на градот запалени се контејнери.

Во 20-на градови во државата синоќа имапе анативладини протести.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шест припадници на полицијата.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
И за вечерва се закажани протести низ неколку градови.














