ТЕРА

REKLAMA???

Битолски тим на „Средношколец милионер“

ITERLY , паметен туристички агент е бизнис идејата со која настапува тимот од пет битолски средношколци.
Водени од желбата да го направат патувањето полесно и подостапно, овој иновативен тим развива AI-планер и дигитален туристички водич кој со помош на вештачката интелигенција креира персонализирани планови според желбите, интересите и буџетот на секој корисник. Апликацијата ги обединува планирањето на патувањата, пребарувањето летови и понудите од туристичките агенции сè на едно место!
Идејата произлегува од нивните лични искуства со неточни информации, долго пребарување и пропуштени можности. Токму затоа одлучиле да создадат паметно решение кое ќе го претвори секое патување во полесно и поубаво искуство.
Нивната визија: помалку време за пребарување, повеќе време за незаборавни доживувања!
Гласајте за Маргарита Велјановска, Огнен Петровски, Мила Кадинска, Илина Мојанчевска и Марта Јовановска.
Име на идејата: Iterly
Страница за гласање: https://milioner.mk/…/9ea19c14-6cd8-4d3a-b60a…
Страница за гласање: https://milioner.mk/…/9ea19c14-6cd8-4d3a-b60a…