Спорт

Почина поранешниот тренер на РК Пелистер, Вук Рогановиќ

Поранешниот тренер на Пелистер, српскиот стручњак Вук Рогановиќ почина денес на 77-годишна возраст. Рогановиќ го водеше клубот од Битола пред 40-тина години и остави трага со својата работа во градот на ракометот. Својата играчка кариера ја мина во Младишта од Земун, Динамо Панчево, Црвенка, клубови од Шведска и Белгија. Покрај многубројните клубови во Србија и ПОВЕЌЕ…

Пелистер го загуби трилерот против МЗТ Скопје на гостински терен

Голема победа за МЗТ Скопје Аеродром во заостанатиот натпревар од 22.коло против екипата на Пелистер (84-81). Во дуел во кој недостасуваа неколку квалитетни играчи на двете страни од теренот, и во кој домашниот тим имаше плус и од 17. поени, одлучи последната минута. Тројката на репрезентативецот Филип Бакоч, реализирана на осум секунди пред крајот го ПОВЕЌЕ…

Еурофарм Пелистер следната сезона ќе игра и во регуларниот дел на Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија на денешната седница на Управниот одбор донесе значајни одлуки за системо на натпреварување за следната сезона, како и за ограничувањето на странски ракометари. Главната промена која ќе стапи на сила од сезоната 2021/22 е враќањето на СЕХА-лигашите во домашната Суперлига уште од почетокот, а не како досега да се вклучуваат напролет, ПОВЕЌЕ…

Охрид се извлече во финишот, реми на Еурофарм Пелистер 2 против фаворитот

Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Петто коло Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-26 (11-14) Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 приредија подвиг, ремизирајќи 26-26 против фаворитот Охрид, меч на кој гостите имаа пет гола предност, но на крајот се доведоа во ситуација да се спасуваат од пораз. Момците на Јовиќ покажаа карактер, па заслужено стигнуваа до ПОВЕЌЕ…

Убедлива победа на Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Петто коло Металург – Еурофарм Пелистер 22-32 (9-20) Еурофарм Пелистер победи со убедливи 22-32 на гостувањето кај Металург, во најинтересниот натпревар од денешната програма во македонското ракометно првенство. Битолскиот состав диктираше темпо во текот на целиот натпревар и заслужено ги освои бодовите, а на крајот тоа го направи и со ПОВЕЌЕ…